Голем напредок во лечењето на дијабетесот – матични клетки трансформирани во здрави

- Advertisement -

Калифорниски научници направија голем чекор напред кога е во прашање дијабетесот и проучувањето на трансплантацијата на ткива – од матични клетки создадоа здрава база на клетки кои произведуваат инсулин.
Со години експертите се обидуваат да направат трансформација на матични клетки во клетки кои произведуваат инсулин. Тоа конечно им успеа на научниците од угледниот Универзитет на Сан Франциско.

Тимот кој го предводеше д-р Гопика Наик успеа од матични клетки да создави здрави бета клетки кои произведуваат инсулин, а тоа би можело да овозможи нов начин на лечење на болните од дијабетес од типот 1. „Нашата работа отвора неколку возбудливи правци по кои би можело да се дојде до конечно излекување на дијабетес тип 1. Достапните третмани како инсулинските инјекции ги лечат само симптомите на болеста“, вели докторката Наир.

- Advertisement -

Добиените здрави и функционални бета клетки се трансплантирани во глувци и за неколку дена почнале да создаваат инсулин како одговор на глукозата во крвта. Дијабетесот од тип 1 е автоимуна болест каде што панкреасот не произведува или произведува многу малку инсулин затоа што имунолошкиот систем ги напаѓа клетките кои го создаваат. Научниците од лабораторијата Хеброк тврдат дека ова нивно откритие е чекор напред на кој долго се чекало и сега можностите за лекување стануваат бесконечни.

Сподели!
- Advertisement -