35 жени помлади од 35 години кои ја менуваат технолошката индустрија (2 дел)

- Advertisement -

Лаура Гомез, 35, соосновач на Vyv

Гомез го стекнала своето искуство во Twitter, каде што менаџирала со Twitter на шпански јазик и била член на нивниот интернационален тим, одговорна за ширењето на социјалната мрежа на 28 јазици. Потоа имала слична работна позиција и во Jawbone, а сега ја лансира нејзината компанија Vyv. Корисниците ќе објавуваат содржини на мрежата и ќе им се плаќа во зависност од популарноста на содржината во дигиталната валута биткоин.

- Advertisement -

Сара Хаидер, 28, главен Android инженер во Secret

Хаидер и нејзината постара сестра самите себеси се научиле да коридаат кога Сара имала само девет години. Со часови правеле веб страници на теми кои ги интересирале. Денес нејзините вештини ги користи како главен Android инженер во новата социјална мрежа Secret, која ви овозможува искрено и анонимно да споделувате се со вашите пријатели. Пред да стане главен инженер во Secret, Хаидер работела во Twitter и ја направила апликацијата на Vine за Android.

- Advertisement -

Рејчел Хаот, 31, главен дигитален менаџер и заменик секретар за технологија во New York State

Откако ја основала компанијата GroundReport, една од првите глобални платформи за граѓанско новинарство, во 2006 година, Хаот се префрлила во јавниот сектор и три години работела како главен дигитален менаџер за градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, пред да се префрли на слична позиција на гувернерот Ендрју Куомо. „Моја цел од ден во ден е да го подобрам дигиталното искуство заедно со властите на Њујорк“ вели таа. Освен тоа што го надгледува целосното редизајнирање на страницата ny.gov, Хаот истовремено е задолжена за промоција на Start-Up NY, која нуди даночни олеснувања за компании кои ќе се основаат во Њујорк и ќе отворат нови работни места.

- Advertisement -

Чинг-Ју Ху, 29, соосновач на Skybox Imaging

Пред шест години Ху и тројца други соосновачи направиле бизнис план на Универзитетот Стенфорд. Тие сакале да лансираат мали сателити во вселената за да се мапира Земјата на ист начин како што Google го мапира Интернетот. Тие ја достигнале својата цел, а тоа го забележал Google, па во јуни минатата година ја купи компанијата за 500 милиони долари. Податоците од првите два сателити на компанијата ќе се користат за следење на посевите, сообраќајот, обезшумувањето на Амазон и за помош на камповите за бегалци во јужен Судан.  „Ова се навистина моќни информации и го засегаат секој сектор од економијата“ вели Ху.

Ванеса Херст, 27, соосновач и извршен директор на CodeMontage

Можеме ли да го смениме светот со кодирање? Апсолутно, тврди Херст. Таа е соосновач на Girl Develop It, која нуди евтини часови по кодирање и досега имаат научено повеќе од 12.000 жени да направат софтвер. Сега управува со CodeMontage, која ги поврзува кодерите со различни вештини на социјални проекти кои ги организираат непрофитни организации. На овој начин сите што кодираат стекнуваат поголемо искуство, кое потоа ќе им донесе подобри работни места, а непрофитните организации ја добиваат помошта која инаку не можат да ја платат.

Џослин Ливит, 35 и Саманта Џон, 28, соосновали на Hopscotch

Hopscotch е апликација за iPad која на децата им овозможува да користат кодови за да креираат анимации, игри и фотографии преку интерактивен софтвер. „Ова е едноставен начин за децата да почнат да кодираат“ вели Ливит, која порано била учител. Откако ја направиле апликацијата заедно со Џон и го создале првиот програмски јазик специјално наменет за мобилни уреди, корисниците на нивната апликација досега имаат направено повеќе од 2,5 милиони проекти. Неодамна компанијата лансираше онлајн заедница каде што корисниците прикачуваат и споделуваат проекти, а Ливит вели дека така сфатиле дека речиси половина од нивните корисници се девојчиња.

Ники Кауфман, 28, основач на Normal

Не може слушалките да бидат со една иста големина и да бидат удобни за носење во сечие уво. Токму тоа сака да го смени Кауфман со нејзината компанија Normal, која ја лансираше во јули минатата година со цел да прави 3Д печатени слушалки прилагодени за секое индивидуално уво базирано на фотографии од вашите уши направени со помош на апликацијата на нејзината компанија по цена од 199 долари. Кауфман ја добила идејата откако нејзиниот сопруг, извршниот директор на Quirky, Бен Кауфман, платил дури 2.000 долари за слушалки направенис специјално за неговите уши.

Сподели!
- Advertisement -