Откако неодамна пишувавме за бесплатен престој во Италија, еве и нова причина за преселување во земјата на пицата, тестенините, модата и што уште не. Секако, и овде постојат услови, но лесно можетед а ги исполните.
Властите на италијанското гратче Локана во регионот Пиемонт се подготвени на луѓето што се се преселат таму да им платат 9.000 евра. Но, пред да почнете да ги пакувате куферите, постојат два услови кои мора да се исполнат. Првиот е да имате дете и а другиот годишно да заработувате најмалку 6.000 евра.
Градоначалникот Џовани Матиет бил приморан на овој потег затоа што популацијата од 7.000 жители (колку што градот имал на почетокот на 20 век) паднала на денешните 1.500. Секоја година таму просечно умираат по 40 луѓе, а се раѓаат само 10 деца, така што јасно е дека на градот му требаат млади луѓе кои би се доселиле таму.
Оваа прилика досега им била понудена само на жителите на Италија, но од неодамна Ova prilika dosaможе да се пријават и луѓе од странство. Градоначалникот се надева деека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или на пример, во Торино, кој е оддалечен само 45 минути, но можеби и ќе започнат свои бизниси во Локана.
Кој и да се пресели таму треба да знае дека регионот е доста богат и ќе може да се занимава со разни активности. Локана е сместен во национален парк, па има многу опции за скијање, планинарење, качување, возење велосипед итн. Ако се подготвени за нови предизвици, 9.000 евра чекаат на вас.