Во Јужна Кореја се гради првиот пловечки хотел во светот кој ќе работи целосно на енергија од брановите

- Advertisement -

Денешните урбани планери се борат со тоа како да ја интегрираат обновливата енергија во постојната инфраструктура, а некои архитекти со напредно размислување го прават тоа полесно. Компанијата Margot Krasojević Architecture од Пекинг неодамна претстави дизајн со кој една стара нафтена платформа во Јужна Кореја ќе биде претворена во футуристички хотел кој ќе биде опремен со турбини кои ќе ја собираат енергијата од брановите.

Хотелот ќе се наоѓа во близина на брегот на Јужна Кореја блиску до островот Џеџу, до кој може да се дојде единствено по воден пат. Моментално на тоа место лебди нафтената платформа. Хотелот ќе биде составен од повеќе пловечки делови со површина направена од алуминиум и повеќе внатрешни надувани мембрани. Тие материјали се избрани не само поради издржливоста, туку и поради малата тежина. Во случај на опасност или големи бранови, тие ќе се раздвојат и ќе пловат.

- Advertisement -

Во средиштето на структурата ќе има турбини кои ќе ја собираат енергијата од брановите. Како што ќе се удира морската вода од хотелот, турбините ќе работат во согласност со ветрот и движењето на брановите, а кинетичката енергија ќе ја претвораат во електрична. Според архитектите, турбините ќе генерираат доволно енергија за да се снабдува целиот хотел и филтрите за десалинизација, додека вишокот ќе се складира.

Сподели!
- Advertisement -