Вистинскиот опсег на глобалната маркетинг индустријата е објавен во најновото истражување кое заклучува дека овај сектор вреди 1,7 трилиони долари на глобално ниво, што е многу повеќе од претходните проценки.
Во извештајот објавен од страна на компаниите Redburn и PwC се тврди дека оваа импресивна бројка е под постојани турбуленции, особено во платените медиуми, кои од година во година бележат пад на уделот во вкупните инвестиции. Исто така, се очекува дека традиционалните агенции ќе имаат повеќе проблеми во иднина отколку што претходно се мислеше.
Во обид да се објасни огромната разлика во проценките, Redburn и PwC се впуштија во проучување на сите традиционални платени и дигитални медиуми, сопствени медиуми, платени промоции, продажбата и инвестициите во технологијата на податоци и маркетинг за да дојдат до овие бројки.
Заклучокот од истражувањето е дека платените медиуми, во однос на учеството во вкупните инвестиции, паднаа од 42% во 2015 година на само 37% во 2018 . Овие пари се пренасочени кон сопствените медиуми и маркетинг технологии. Уште еден тренд кој го идентификувале авторите била тенденцијата кон call-to-action активности, со потенцијално негативни последици за некои традиционални бизнис модели.
извор: Marketing365.ml