Ново истражување покажа дека можеме да научиме нов јазик додека спиеме во длабок сон

- Advertisement -

Идејата дека можеме да учиме додека спиеме отсекогаш фасцинирала многу луѓе. Замислете да можете драстично да си ја зголемите продуктивноста така што ќе учите во сон. Реалноста е дека спиењето се смета за непродуктивно потрошено време. Но, нема повеќе да биде така.

Едно ново истражување покажа дека е возможно да се учи нов јазик додека спиеме. Се чини дека формирањето на меморијата се врши во истите мозочни структури како и учењето нов јазик. Истражувачите открија дека во текот на одредени фази од сонот можеме да го запаметиме новиот јазик, а потоа кога ќе се разбудиме свесно ќе можеме да се сеќаваме на јазикот.

- Advertisement -

Некои претходни истражувања покажуваат дека доколку кога сме будни повторно ги слушаме информациите кои сме ги чуле кога сме спиеле ќе се зајакне меморијата на новите информации и ќе се складира кај претходното знаење. Сепак, не беше познато дали наученото во текот на спиењето е непознато знаење.

Во новото истражување научниците открија дека доколку со постојано слушање нови информации во текот на спиењето се подобрува меморирањето на она што е научено, тогаш првичното процесирање нови информации исто така треба да биде изводливо во текот на спиењето и да остави трага во мозокот како новонаучена инфромација.

- Advertisement -

„Декодирањето сон“ е голем интердисциплинарен истражувачки проект кој го финансира Универзитетот на Берн, Швајцарија. Тринаесет истражувачки групи од медицина, биологија, психологија и информатика се дел од проектот. Целта на тие истражувачки групи е подобро да се разберат механизмите на сонот, свесноста и познавањето.

Тие открија дека луѓето можат да ги реактивираат асоцијациите формирани во текот на сонот за да пристапат до значењето на некој збор меморирано за време на сонот. Нивните експерименти покажаа дека хипокампусот, дел од мозокот одговорен за будно асоцијативно учење, исто така овозможува потсетување на аспцијации формирани во текот на сонот.

- Advertisement -

„Кога ќе навлеземе во длабок сон нашите мозочни клетки прогресивно ја координираат нивната активност. Во текот на сонот клетките се активни кратко време, пред сите заедно да станат неактивни исто така краток период. Активната фаза е позната како Up-state, а неактивната Down-state и двете се менуваат на секоја половина секунда” објаснуваат истражувачите.

 

Сподели!
- Advertisement -