Мал ресторан во запуштено рибарско селце прогласен за најдобар во светот

- Advertisement -

Волфгат, мал ресторан во Јужна Африка, е прогласен за ресторан на годината во изборот на Наградите за светски ресторани, односно новата гастрономска класификација која ја промовира разноликоста на меѓународната гастрономска сцена.

Ресторанот има 20 места за седнување, а таму готви шефот Кобус ван дер Мерве. Го имаат прифатено концептот на локални производи и сами го прават својот леб и путерот. Ресторанот е отворен пред две години, а цената на еден оброк е околу 60 долари.

- Advertisement -

Волфгат е сместен во колиба стара 130 години во близина на пештера на плажата на рибарското селце Патерностер, а награден е во категоријата Дестинации надвор од главните туристички атракции. Во изборот учествувале 36 земји, од Австралија до Зимбабве.

Доделени се и награди во 18 други категории, меѓу кои се специјалитет на куќата и без резервации. Наградите ги доделувало жири составено од 100 члена.

Сподели!
- Advertisement -