Вселенскиот туризам направи огромен чекор напред откако леталото на компанијата Virgin Galactic го испрати првиот патник до работ на вселената. Дел од екипажот на леталото била и главната инструкторка на компанијата Virgin Galactic, Бет Моузес, која ќе ги подготвува идните патници за летaње. Таа стана првата личност која не е пилот, а летала до работ на вселената и првата жена која летала со комерцијален вселенски лет.
Hello, Earth ?. Footage from the boom of SpaceShipTwo pic.twitter.com/i6jdsjrRRB
— Virgin Galactic (@virgingalactic) February 22, 2019
Вселенскиот брод SpaceShipTwo достигна висина од 89,9 км, што според американските и стандардите на НАСА, е самиот раб на вселената. Двата члена на екипажот и Бет Моузес се 569-тата, 570-тата и 571-вата личност кои ја поминале таа граница. Главниот пилот Дејв Меккеј рече дека погледот кон Земјата ги надминал сите негови очекувања.
„За нас ова беше исполнување на животните амбиции и парадоксално е тоа што ова е само почеток на авантурите кои едвај чекаме да ги споделиме со илјадници други луѓе“ Додаде Меккеј. Компанијата Virgin Galactic е основана во 2004 година и оттогаш развива комерцијален вселенски брод кој ќе им овозможи суборбитални летови на вселенските патници по цена од 250.000 долари.