Повеќе од една милијарда преземања! Оваа социјална мрежа е најголем конкурент на Фејсбук

- Advertisement -

Кога станува збор за бројот на корисници, Фејсбук е недопирлив, па и покрај сите проблеми кои ја следат оваа мрежа и компанијата во текот на изминатата година, повеќе од две милијарди луѓе од целиот свет секој месец на Фејсбук проверуваат вести, објавуваат статуси, фотографии, комуницираат со други луѓе, итн.

- Advertisement -

Мрежата на Закерберг не може да ја загрозат ниту Twitter и Snapchat (иако Snapchat е важен поради големиот број на млади корисници), Pinterest има свој начин на работа и не се обидува да се натпреварува со Facebook, Google со Google + одамна се помири со поразот и подигна бело знаме на овој пазар, а малкумина денес се сеќаваат на мрежата Vero која беше актуелна одреден период. Instagram, кој има повеќе од една милијарда корисници, не треба ниту да се споменува бидејќи е мрежа во сопственост на Фејсбук.

Но, на исток се појави нов конкурент кој може да ги загрози Фејсбук и Инстаграм во иднина – мрежата TikTok. Станува збор за социјална мрежа и видео платформа која е сè повеќе популарна, има сè повеќе корисници и привлекува сè поголем број на познати личности, односно инфлуенсери. Во TikTok, корисниците објавуваат кратки видеа, им додаваат ефекти, филтри и слично и особено е популарна кај помладата популација.

- Advertisement -

Според информациите на компанијата која се занимава со анализа на податоци Sensor TowerTikTok има повеќе од една милијарда превземања, од кои само минатата година е преземена повеќе од 660 милиони пати. И покрај тоа што не е позната како Фејсбук, TikTok е гигант на пазарот на социјалните мрежи, особено во Азија, со проценета пазарна вредност на компанијата ByteDance (која е основач на TiкToк) од дури 75 милијарди долари.

Треба да се напомене дека оваа бројка од една милијарда преземања се однесува и на верзијата TikTok lite, како и за регионалните верзии на апликацијата, но не и на бројот на симнувања на Андроид во Кина (името на оваа мрежа во Кина е Douyin). Исто така, бројот на превземања не се однесува и на бројот на корисници, затоа што дел од луѓето ја преземаат апликацијата на телефон, ја пробуваат и повеќе не ја користат или ја бришат.

- Advertisement -

(Marketing365.mk)

 

Сподели!
- Advertisement -