8 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

За да добиете работа во банката JP Morgan Chase треба да играте видеоигри

Kabtel desktop

При вработувањето за многу компании најбитни се, но честопати не и пресудни, кратката биографија и портфолиото на кандидатите, како и впечатокот кој го оставаат кандидатите на разговорите. Секако, никогаш не можете со стопроцентна сигурност да знаете точно како ќе се однесува кандидатот во новата средина, како ќе ја врши својата работа и како ќе соработува со другите вработени додека не го вработите. Но, постојат методи кои можат прилично прецизно да укажат на некои карактеристики на кандидатите кои се бараат за одредено работно место.

Со помош на напредна технологија, вештачка интелигенција и анализа на податоци се менува и процесот на избор на кандидати, а една од најпопуларните нови методи е играње видеоигри. Притоа, не се мисли на Fortnite, Call of Duty, Grand Theft Aut и други, туку на посебни игри кои ги разви компанијата Pymetrics, а кои на одделите за човечки ресурси им даваат увид во социјалните, когнитивните и бихејвиоралните способности на луѓето како што се внимание, меморија, алтруизам и сл.

Тоа значи дека интервјуата за работа се минато и сега се се сведува на играње игри. Една од компаниите кои почнаа да ја применуваат оваа метода е банката JP Morgan Chase, која ја користи за вработување приправници, односно за избирање на најдобрите кандидати. Но, со методата која ја разви Pymetrics целиот процес е олеснет. Откако кандидатите ќе ги одиграат спеицјално создадените игри, кои се базирани на неуронауки, нивните резултати се споредуваат со резултатите на најуспешните вработени во компанијата и предност при вработувањето ќе имаат поединците чии резултати се слични со резултатите на најдобрите вработени.

Исто така, вработувањето базирано на вештачка интелигенција и анализа на податоци на компаниите може да им покаже и кој е идеалниот оддел или позицијата за некого врз основа на неговите способности. Тоа на крајот ќе резултира со вработување на најквалитетните луѓе кои во компанијата ќе го дадат својот максимум, од што ќе профитира и компанијата и самите вработени.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •