Татковците во Македонија добиваат право на платено породилно отсуство

- Advertisement -

Освен деветмесечно породилно отсуство за мајките, татковците ќе добијат еден месец платено отсуство од работа по раѓањето на бебето. Оваа новина е предвидена со измените на Законот за работни односи, кој до крајот на годината треба да бидат изгласани.

Како што се уредени Законите моментално, таткото има право да земе родителско отсуство, но само ако мајката се откаже од користење на деветте месеци кои и следуваат.
“Како истражувањата така и праксата покажуваат дека задолжително татковско отсуство позитивно влијае на развојот на децата, на распределбата на активностите за грижата за децата и домот, овозможува зголемена економска активност на жените, намалување на нееднаквоста во платите и пензиите меѓу жените и мажите, и со тоа значајно придонесува кон родовата еднаквост и севкупниот развој на општествата. Предностите на воведувањето на модел на родителско отсуство кој ја препознава важноста на улогата на таткото во грижата за децата се многубројни. Затоа, сметаме дека се потребни промени во Законот за работни односи кои ќе вклучат воведување на три посебни видови отсуство- мајчинско, татковско и родителско, препорачани од  Меѓународната организација на трудот”, рече Марија Башевска, претседателка на Реактор, на денешната панел дискусија за споделено родителско отсуство.
„Како Влада на која секое дете ѝ е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост, сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето, кој е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото“, рече министерката Царовска на дискусијата која најави дека законската измена е во тек.

(www.biznisregulativa.mk(
Сподели!
- Advertisement -