Анета Пешева е избрана за претседател на Управниот одбор на МАСИТ

- Advertisement -

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје на вчерашнoто 13-то редовно изборно собрание избра нови членови на органите на управување. Нов претседател на Управниот одбор е г-ѓа Анета Пешева од компанијата „ Ултра“ и заменик претседател на Управниот одбор е г-н Илија Господинов од компанијата Ендава.

Ова е голема чест за мене и се надевам дека позитивно ќе одговорам на довербата која ми е дадена. За време на мојот мандат првенствено ќе се борам ИКТ индустријата да стане водечка индустрија во државава по примерот на некои европски земји, бидејќи таа тоа и го заслужува. Од успехот на ИКТ индустријата и третманот на државата кон неа ќе зависи дали земјата ќе се придвижи во позитивен правец и ќе успее да ги задржи најбараните млади образовани кадри. Во спротивно и се заканува егзодус на инженерскиот потенцијал”, изјави г-ѓа Пешева непосредно по изборот.

- Advertisement -

На редовното избрано собрание беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Судот на честа.

- Advertisement -

Членови на Управен одбор на МАСИТ се:

Анета Антова Пешева, Ултра, Претседател

- Advertisement -

Илија Господинов, Ендава, Заменик претседател

Драган Чепујноски, oне.Вип

Благој Христов, Македонски Телеком

Теди Цоневски, Неотел

Зоран Лазаревски, Ассеко СЕЕ

Александар Убавков, Мусала софт

Владимир Робевски, Исоурце

Ненад Чубриновски, Инплеер

 

Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се:

Горан Митев, Едусофт,

Фросина Зафировска, ИТ Лабс

Дејан Гавазов, Брансис

 

Претседател на Собрание на МАСИТ:

Горан Попоски, АСИ

 

Членови на Суд на честа на МАСИТ се:

Викторија Дранговска, Коде ИТ Солутион

Тошо Трајанов, Адева Ит

Димитар Јаневски, Инбокс

 

Новоизбраните ограни на управување на МАСИТ  ќе ги извршуваат своите функции до март 2022 година.

 

Сподели!
- Advertisement -