Пет иновативни начини како Естонија ја користи технологијата за да го олесни секојдневниот живот на Естонците

- Advertisement -

Естонија е позната по своите напредни сфаќањ во поглед на технологијата. Еден од најдобрите примери за тоа е што стана првата земја во светот кој воведе е-жителство за сите кои сакаат да станат Естонци. Но, таа ја воведува технологијата на многу други полиња со единствена цел да им го олесни животот на своите жители. Еве пет начини како го прави тоа.

Најпрвин, тука е дигитализираната здравствена заштита. Локацијата од која потекнува секој телефонски повик во итните служби може да се открие за само 30 секунди, што значи дека ќе биде многу брз и интервенцијата на амбулантните возила. Со помош на дигиталната медицинска база, докторите во Естонија можат да пристапат до целата историја на боледување на пациентите и да испратат битни ифнромации до амбулантните возила пред тие и да пристигнат на самото место.

- Advertisement -

Дигитални лични карти. Речиси целата популација во Естонија има дигитална лична карта која може да се користи за патување, за плаќање даноци, за гласање и за пристап до сите онлајн владини услуги 24/7.

Понатаму, друга придобивка од технологијата е исфрлање на хартијата од употреба во владините установи. Естонските политичари сегадржат е-состаноци, па на секоја агенда и пристапуваат предвреме и го споделуваат својот став. Со штиклирање на квадратчиња за согласување или противење. На овој начин процест на носење одлуки е 10 пати поефикасен и се елиминира потребата да се печатат иладници страници документи.

- Advertisement -

Спојување на барателите на работа со работодавците. Систем за машинско учење ги поврзува луѓето што бараат работа со компаниите врз база на вештините. Околу 75% од луѓето кои нашле работа на овој начин и по 6 месеци се на тоа работно место споредено со 58% кога бил стартуван системот.

Земјоделство со вештачка интелигенција. Сателитски снимки од посевите во Естонија се испраќаат до алгоритам со длабинско машинско учење, кој открива кои фармери секое лето ги намалуваат површините под трева. Доколку заборават нешто, системот ги потсетува и на овој начин може да се спасат од почести посети на инспекторите. Системот на земјата и заштеди 755.000 долари уште првата година.

- Advertisement -

Here are four innovative ways Estonia is using technology to make daily life easier for everyone

E-stonia. 📕 Read more: https://wef.ch/2JHArDX

Posted by World Economic Forum on Среда, 27 март 2019

Сподели!
- Advertisement -