Конференција за предизвиците на економијата во пресрет на ЕУ

- Advertisement -

Денеска ќе се одржи Регионална конференција на Сојузот на Ротари клубови на Република Северна Македонија, на тема: „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства“.

Конференцијата ќе ја отвори Зоран Тодоров, координатор на Сојузот на Ротари клубови на Северна Македонија, а предвидени се и неколку воведни обраќања, мeѓу кои и на претседателот на Владата, Зоран Заев, како и на амбасадорот на Република Словенија, Милан Језбец.

- Advertisement -

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и три панел-дискусии. Конкретно, ќе се дебатира околу искуствата на земјите во регионот и предизвиците со кои се соочиле нивните економии во пресрет и по влезот во ЕУ, а ќе стане збор и за потенцијалот за раст и ризиците на домашната економија, како и за енергетиката како стратешки економски сектор и нејзиниот потенцијал за развој и прилагодување кон стандардите на ЕУ.

Сподели!
- Advertisement -