Лувр и „Airbnb“ организираат натпревар: наградата е ноќ под стаклената пирамида

- Advertisement -

Парискиот музеј Лувр заедно со „Airbnb“ организираат натпревар во кој главната награда е приватна тура низ музејот и ноќ под стаклената пирамида.

Натпреварот се организира како дел од одбележувањето на 30-годишнината од поставувањето на стаклената пирамида пред најпознатиот светски музеј, а победникот ќе треба да одговори на прашањето: „Зошто сум совршен гостин на Мона Лиза?“.

- Advertisement -

Победникот на натпреварот ќе добие ексклузивна ВИП тура за двајца низ музејот, можност да испие неколку пијалоци пред сликата на Мона Лиза, ќе вечера покрај скулптурата на Милоска Венера, потоа ќе се релаксира со интимен акустичен концерт во собата на Наполеон 3-ти, за најпосле да преноќи во специјално дизајнирана соба под препознатливата пирамида на Лувр.

Нартпреварот е дел од серијалот „Ноќ во…“ на „Airbnb“, каде нудат специјални ноќевања во преку 90 светски локации. Претходно победниците на нивните натпревари ноќеваа на Кинескиот ѕид, во Замокот на Дракула, како и во Лего куќата.

- Advertisement -

Извор- РадиоМОФ

Сподели!
- Advertisement -