Откриен протеин која ја одржува кожата млада

- Advertisement -

Убавината можеби е површна, но за оние кои сакаат да ја одржат кожата млада научниците открија одговор на прашањето како да се одржи вечната младост. Тоа се еден вид протеини кои го поттикнуваат регенерирањето на клетките. Белковините можеби не звучат како извор на вечна младост, но едно ново истражување покажа дека вршат битна работа кога станува збор за зачувувањето на младоликиот изглед на структурата на кожата.

Блековините дејствуваат така што го поттикнуваат „натпреварувањето“ меѓу клетките. Овој процес е клучен за да се одржува младоста на ткивата бидејќи се истуркуваат послабите клетки, а се поттикнува размножувањето на посилните .

- Advertisement -

„Секој ден во нашите недопрени матични клетки може да се отстранат оштетените или ослабените матични клетки” вели Еми Нишимура, професорка на Медицинскиот факултет во Токио, која го предводеше истражувањето.

Процесот на стареење почнува поради намалување на количината COL17A1 во кожата, а тоа го поттикнуваат познатите непријатели на младоликоста како што се ултравиолетово зрачење и другите фактори на стрес. Кога ќе се случи тоа, послабите клетки се размножуваат, што резултира со потенка кожа која е склона кон оштетување и послабо заздравува.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature. Во истражувањето се користени опашки од глувци, кои имаат многу слични карактеристики на човечката кожа. Откако ја потврдиле важноста на COL17A1, тимот одлучил да истражува дали може да се стимулира протеинот кога е осиромашен да бара материи кои можат да го забават процесот на стареење. Тие изолирале две хемиски материи , Y27632 и апоцинин, и ги тестирале на кошните клетки со позитивни резултати.

Примената на тие материи на рани кои се подлабоко во кожата значително помогна да се обнови кожата. Двете материи укажуваат на патишта за поттикнување на обновата на кожата и забавување на процесот на стареење“, се вели во истражувањето. Додаваат дека истражувањето нуди начелни докази дека овие материи може да се искористат во борбата против стареењето.

Сподели!
- Advertisement -