Амазон презеде стартап за роботика

- Advertisement -

Гигантот „Амазон“ го презеде стартапот „Канвас Технолоџи“, што се занимава со развој на роботика за складирање, односно паметна технологија која најчесто се користи во големите магацини. 

Ние сме инспирирани од иновацијата на „Канвас Технолоџи“. Споделуваме заеддничка визија за иднината, во која луѓето работат заедно со роботи, за да се подобрат безбедноста и искуството на работното место. Со нетрпение ја очекуваме соработката, со цел заедно да продолжиме со иновации за клиентите, соопштија од „Амазон“.

- Advertisement -

Иако „Канвас Технолоџи“ е основана пред само четири години, овој стратап досега успеа да развие целосно автономен систем на колички за пренос на производи во магацини.

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -