Населението во Јапонија старее, популацијата драстично се намалува

- Advertisement -

Популацијата на Јапонија минатата година се намалила за повеќе од 250.000 луѓе. Тоа се доволно луѓе за да се наполнат три стадиони како лондонскиот Вембли. Бројот на жители во Јапонија континуирано се намалува изминатите осум години на 126 милиони, што е помалку отколку популацијата на Мексико или на Русија.

Бидејќи населението таму станува се постаро, нема индикации дека овој тренд на намалување на популација ќе сопре. Половина од децата родени во 2007 година ќе доживеат 107 години. Старото население станува проблем за повеќе земји во светот.

- Advertisement -

Праксата за доживотно учење и подобрите здравствени политики им овозможуваат на луѓето да работат и во третата доба од животот. Но, на Јапонија и треба пофлексибилно вработување и плати базирани на перформансите, а не на возраста.

Ако има подобри системи за детска заштита и грижа, жените би можеле да имаат поголема улога во работната сила, а би помогнале и полабавата политика за имиграција.

- Advertisement -

Japan’s population shrank by more than a quarter of a million last year

Half of the children born in Japan in 2007 will live until the age of 107. 📕 Read more: https://wef.ch/2IGgL13

Posted by World Economic Forum on Четврток, 18 април 2019

Сподели!
- Advertisement -