Научници развија технологија која чита мисли и ги претвора во говор

- Advertisement -

Научници од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско открија дека развиле технологија која ја користи мозочната активност за создавање синтетизиран говор. Тие велат дека развиле своевиден имплант за мозокот, кој може да чита мисли и да ги претвори во говор. Поточно, во мозокот на неколку доброволци вградиле електроди со чија помош ги дефинирале сигналите во центрите за говор за да наведат компјутерски стимулирана верзија на нивниот вокален тракт, а тоа се вилицата, јазикот и гркланот, а потоа со синтетизатори да генерира говор.

Мозочниот удар, болестите како церебрална парализа, амиотрофна латерална склероза, Паркинсоновата болест и мултиплекс склерозата, повредите на мозокот и ракот понекогап ја одземаат способноста за говор. Научниците велат дека поуспешно синтетизирале звуци како тие што се произведуваат кога се изговара буквата „с“, а помалку успех постигнале со наглите звуци кои настануваат при изговор во билабијалните согласки како „б“ и „п“.

- Advertisement -

Малкумина знаат што се случува во нашата усна шуплина кога зборуваме, вели еден од авторите на студијата објавена во списанието Nature. Може да се каже дека мозокот ги преведува мислите, односно она што сакаме да го изговoриме на начин што овозможува придвижување на делови од вокалниот тракт, а токму тоа се обидуваат да го дешифрираат.

Сподели!
- Advertisement -