Дубаи сака до 2025 година да испечати една четвртина од сите нови згради со цел да го намали отпадот кој се создава при градежните активности и ја загадува животната средина. Цементот е одговорен за 8% од вкупната емисија на стакленички гасови во светот, а за правење бетон се трошат 9% од водата за индустриска употреба.
Со 3Д печатењето се создава 60% помалку отпад отколку при традиционалните градежни активностизатоа што 3Д печатачите ги користат материјалите на многу поефикасен начин и со тоа трошоците за градење се намалуваат за 70%, а трошоците за работна рака за дури 80%.
„3Д печатењето во иднина многу ќе ја смени градежната иднустрија. Нашата идеја е да си зададеме таргет за земјата полека да ја прифати технологијата за 3Д печатење. За почеток планиран е раст од 2% на годишно ниво додека не дојдеме до 25%-30%. Идејата е да се почне со печатење на 3Д делови кои веќе се прават на пазарот како рамки за врати, за прозорци итн, а потоа и цели градби. Целта на таргетот е да се привлечат иноватори од целиот свет да дојдат тука и да видат дека регионот е гладен за таленти, за нови идеи, за генијални умови кои ќе дојдат тука да ги тестираат своите идеи, било да е тоа 3Д печатење или друга технологија“, вели принцот Кафтан Јума Белул.
Првата 3Д печатена канцеларија во светот беше отворена во Дубаи во 2016 година. Потребни биле 17 дена за да се испечати со помош на печатач долг 37 метри, а потоа уште два дена за да се состави на лице место. Во изградбата учествувал тим од 18 луѓе. Во оваа канцеларија денес е сместена Dubai Future Foundation.
Се проценува дека вредноста на глобалниот пазар за 3Д печатење трикратно ќе се зголеми до 2025 година на 300 милијарди долари. Денес само 2% од зградите во Дубаи се 3Д печатени. Дубаи истражува и на кои начини 3Д печатењето може да ја револуционизира медицината со 3Д печатени протетички помагала, заби и помагала за слушање.
„Најбитното нешто за да имате град подготвен за иднината е да заземете став на футуристи, на некој кој сака да презема ризици, на некој кој целата држава ќе ја претвори во лабораторија за остатокот од светот. Такви се нашите лидери. Тие преземаат ризици, прифаќаат иновации и примаат луѓе од целиот свет да дојдат и да тестираат нови идеи во Дубаи и во ОАЕ. Ако го имате вистинскиот ментален склоп и сте спремни да прифаќате неуспеси на сметка на неколку успешни приказни, тогаш тоа е основниот предуслов за да направите футуристички град. Нашето напредно размислување и фокусирање на иднината ќе продолжи и понатаму, па до 2030 година ќе почнеме да мислиме на 2040, 2050, 2060 година и понатаму за секогаш да бидеме град подготвен за иднината“ додава принцот.
Dubai wants to 3D print a quarter of every new building by 2025
Cutting costs, cutting labour and cutting emissions. 📕 Read more: https://wef.ch/2UVSImg
Posted by World Economic Forum on Четврток, 25 април 2019