Ова се три иновативни начини на кои Холандија работи на создавањето едно општество кое не создава отпад. На прво место мора да е велосипедската патека направена од рециклирана пластика. Тоа е првата таква во светот, направена со количина пластика еднаква на 500.000 пластични капачиња. Исто така, Холандија сака да ги направи телефоните „позелени“.
Fairphone е холандска компанија која произведува мобилни телефони кои се направени да траат многу долго време. Нивните уреди лесно може да се поправат и да се рециклираат.
Холандија е дом на една неверојатна одржлива канцелариска зграда. Соларните панели на зградата обезбедуваат доволно енергија за да се напојуваат батериите на паметните телефони, лаптопите и електричните автомобили на вработените.
На зградата има поставено 30.000 сензори кои постојано го следат движењето на луѓето и температурата и ја прилагодуваат потрошувачката на енергија на оптимално ниво. Зградата го носи името Edge и троши 70% помалку енергија од други конвенционални згради.
Понатаму, Холандија е една од топ европски земји кои рециклираат, а сега сака да до 2050 година да користи 100% карбонски неутрална енергија. Освен тоа, предводник е на движењето за циркуларна економија, што значи реупотреба, повторно производство и рециклирање секогаш когае возможно.
На глобално ниво, само 9% од материјалите се реупотребуваат, а Холандија сака да ја намали употребата на суровини за 50% до 2030 година. Во последните 40 години луѓето имаат искористено трипати повеќе ресурси од земјата отколку порано.
Here are 3 innovative ways the Netherlands is creating a society where nothing goes to waste
Including the world's first bike path made from recycled plastic. 📕 Read more: https://wef.ch/2R88WSA
Posted by World Economic Forum on Понеделник, 29 април 2019