Кока-кола претстави лимитирано издание шишиња инспирирани од „Војна на ѕвездите“

- Advertisement -

„Кока-кола“ дизајнира специјални пакувања за најпопуларните пијалоци кои од 31 мај ќе бидат достапни во тематските паркови „Војна на ѕвездите“ во Дизниленд, Калифорнија, и во „Светот на Дизни“ во Орландо, Флорида.

Лимитираните шишиња на „кока-кола“ пијалаците во форма на сферични топки се дизајнирани да се вклопат и да останат верни на естетиката на „Војна на ѕвездите“. Така на пример, името и логото на брендовите на „кока – кола“ на амбалажата се испечатени во Aurebesh, букви на галактички “основниот” јазик карактеристичен за овај научно – фантастичен серијал.

- Advertisement -

Соработката на „кока-кола“ и „Дизни“ е овековечена и со видео спот во кој ликовите на „Војна на ѕвездите“ се освежуваат од ладилник полн со пијалоци од овој бренд.

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -