Илон Маск најави скорешно спојување на човечкиот мозок и машините?!

- Advertisement -

Во еден од своите најнови „твитови“ шефот на SpaceX, Tesla, Neuralink и The Boring Company и воедно најпознатиот иноватор на денешницата, Илон Маск, изјави дека технологијата за поврзување на човечкиот мозок и машините, која ја развива неговата компанија Neuralink, ќе биде достапна многу наскоро.

Освен неговата објава, Маск не открива никакви детали за проектот на Neuralink, но сигурни сме дека не се шегува затоа што ова го најавува долго време. Познато е дека големиот визионер и технолошки претприемач веќе подолго време смета дека една од најголемите закани по човештвото е вештачката интелигенција, па неговиот став е дека итно треба да се поврзат нашите мозоци со машини за ние да управуваме со нив, а не тие са станат автономни и да завладеат со светот.

- Advertisement -

Neuralink веќе го тестирал производот за поврзување на човечкиот мозок и компјутер во облик на мал чип кој ќе се вградува во луѓето, а Маск го опиша како мал чип со голем број ситни жици, кои хируршки се вградуваат во нашиот череп. Пред неколку години Маск изјави дека очекува дека чиповите ќе се вградуваат во нашите мозоци за неколку децении отсега, па „кога милион луѓе со линк до висока бранова должина ќе ги споиме на екстензија за вештачка интелигенција, ќе ги направиме сите тие луѓе хиперпаметни”.

Освен за создавање суперлуѓе, кои ќе управуваат со помош на мозок-машина со сите компјутери, роботи и машини, Маск во ова гледа голем потенцијал и за медицината, па би можело на тој начин да се намали губењето на памтењето кај неуродегенеративните болести и да се лечат повреди на мозокот со импланитрање електроди во моторниот кортекс на мозокот.

- Advertisement -

Критичарите веќе наголемо зборуваат дека Маск се плаши од сценарио како Терминатор, а она што го развива не е ништо друго туку Борг од „Ѕвездени патеки“.

Сподели!
- Advertisement -