Пекиншкиот стартап основан пред година и половина прерасна од девет продавници на крајот на 2017 година на 2.073 на крајот на 2018 година, што значи дека отворале нова кафетерија на секои 4 часа. Но, таа брзина на раст ќе стане уште поголема. Компанијата пред неколку месеци најави дека планира да има 4.500 продавници во Кина до крајот на оваа година, што значи дека ќе отвораат нова продавница на секои 3,5 часа.
Тоа ќе ја направи поприсутна во Кина отколку Starbucks, кој според последните податоци, има 3.789 кафетерии во Кина, а планира да отвори уште 600 нови до спетември годинава. Сето тоа е дел од стратегијата на Luckin да го победи најпознатиот синџир кафетерии во светот, Starbucks, и да стане доминантна мрежа од кафетерии во Кина до крајот на 2019 година.
Starbucks, со седиште во Сиетл, кој контролирае 80% од пазарот за кафе во Кина во 2017 година, споре Еуромонитор, многу зависи од овој втор најголем пазар во светот. Во 2017 година инвестираше 1,3 милијарди долари во продавниците во Кина. Според последните нивни податоци, приходите во Кина се зголемиле за 9% од јануари до март годинава, но сепак со оглед на новата конкуренција, тоа не е ништо во споредба со една година претходно.
Освен тоа, стапката на раст на Starbucks, иако е импресивна сама по себе, не е ништо во споредба со Luckin. Минатата година Starbucks отворал по една кафетерија на секои 16 часа, а планира тоа да го забрза на една нова кафетерија секои 15 часа, што е четири пати побавно отколку растот на Luckin.