ВИДЕО: Оваа амбалажа може да се јаде!

- Advertisement -

Како што нашата планета станува пренатрупана со отпад кој не може да се рециклира, да се преработи или буквално да се уништи, дизајнерите и научниците од целиот свет бараат алтернативи за пластичните производи кои ги користиме секојдневно.

Освен биоразградливата пластика, пластиката од растително потекло и сличните алтернативи, има и такви кои служат за пакување на оброците храна и може да се јадат. Едно такво решение е тоа што можете да го видите на видеото подолу. Станува збор за амбалажа од органско потекло која се одгледува, односно расте во домашни или лабораториски услови.

- Advertisement -

Оваа амбалажа нема потреба да се фрла кога ќе ја коснумираме храната, туку ја консумираме заедно со храната и претставува одличен извор на протеини. Амбалажата е производ на процес на ферментација на бактерии, како резултат на кој се добиваат повеќе слоеви од ваквата мембрана. Креаторот на овој изум е полската дизајнерка Пола Јануш, која хранела габа комбуха со екстракт од земјоделски отпад.

Секој слој од оваа мембрана расте за две недели и ја одржува храната во него свежа најмалку шест месеци. На овој начин производителите на храна можат да си произведуваат сопствена амбалажа и да ги доставуваат своите производи до крајните корисници без да создаваат никаков отпад.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -