Научниците дадоа одговор зошто се намалува Месечината!

- Advertisement -

Земјиниот природен сателит Месечината има свои геолошки својства и активност и на неа, повремено, како и на Земјата и другите планети, се случуваат потреси.

Поради внатрешното ладење, последниве неколку стотици години, ова небесно тело се смалило за 50 метри и тектонски сè уште е активно, тврдат научници од НАСА.

- Advertisement -

Смалувањето на Месечината тие го споредуваат со собирањето на зрно грозје што се суши, но за разлика од кората на зрното, површината на Месечината се распаѓа поради кревкоста, но и поради гравитацијата на планетата Земја.

– Анализата докажа дека ваквата активност е сè уште присутна и веројатно предизвикува потреси и денес, оти Месечината и натаму постепено се лади и смалува, тврди Томас Вотерс, научник од Центарот за Земјата и планетарните истражувања при вашингтонскиот универзитет Смитсонијан.

- Advertisement -

Клучниот заклучок од студијата е дека Месечината во овој поглед е поактивна отколку што претходно се мислеше, што би можело да има последици за, да речеме, локацијата на идните вселенски бази, објави Нешнел џиографик.

„Целата идеја дека едно карпесто тело старо 4,6 милијарди години како месечината успеало да остане доволно жешко во внатрешноста и да ја произведе оваа мрежа од дефекти е спротивно на конвенционалното знаење“, вели коавторот на студијата, Томас Вотерс од институцијата Смитсонијан. Докази за таквите месечеви потреси биле забележани од астронаутите што користеле сеизмометри во мисиите меѓу 1969 и 1977 година, а новата студија дава попрецизни детали за карактерот на овие потреси.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, сега илјадници карпи ја шараат површината, а при слетувањето во 1972 година астронаутите мораа да се движат цик-цак со својот ровер над една таква стрмнина наречена Ли-Линколн.

Колку и да се намалува месечината, тоа не е многу – таа станала околу 45 метри „послаба“ во последните неколку стотици милиони години, вели НАСА.

Фотографии и снимки од нашиот природен сателит, исто така, укажуваат на тектонски активности кои се случиле неодамна. Според НАСА, потресите на Месечината најчесто се случуваат кога таа е најоддалечена од Земјата.

Сподели!
- Advertisement -