Амстердам ќе воведе нови даноци за туристите

- Advertisement -

Градските власти на Амстерда најавија дека ќе воведат нови даноци за туристичките ноќевања, чиј број во изминатите неколку години нагло порасна, а новите приходи од туризмот ќе бидат искористени за одржување на градот.

Амстердам веќе наплатува 7% данок на хотелските сметки, а градските власти пред неколку дена најавија нови даноци според кои хотелските гости по ноќевање во иднина ќе плаќаат дополнителни три евра. Амстердам очекува со оваа мерка да се зголемат приходите на градот за 100 милиони евра годишно.

- Advertisement -

Тие пари ќе бидат искористени за зачувување на историските панорами во градот. За да држи чекор со туристичкиот бум, градот планира во наредните неколку години да инвестира 289 милиони евра во одржување на мостовите, каналите и улиците.

Здружението на хотели и ресторани Koninklijke Horeca ја критикуваше оваа најавена мерка, оденувајќи дека Амстердам веќе има најголеми туристички такси меѓу популарните европски дестинации. Амстердам очекува дека до 2025 година бројот на туристи во градот ќе се зголеми на 30 милиони годишно.

Сподели!
- Advertisement -