Анѓушев: во завршни преговори сме за инвестиција на австриски производител на хируршка опрема

- Advertisement -

 

“На денешниот форум имавме средби со повеќе компании, но одлука за инвестирање не се носи по само една средба. Дел од средбите се продолжение на веќе започните разговори. Можам да кажам  дека една компанија која произведува медицинска опрема за хирургија сака да отвори фабрика во нашата држава. Станува збор за фирма која произведува потрошен материјал за хируршки сали и една од најголемите снабдувачи во југоисточна Европа.

- Advertisement -

Имавме средби со компании од градежништвото заинтересирани за инфраструктурни проекти и со енергетски компании заинтересирани за обновливи извори на енергија“, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по  завршување на билатералните средби во рамки на денешниот економски форум во организација на Vienna Economic Forum. 

Сподели!
- Advertisement -