Телеком ја претстави Price Hero, првата апликација со проширена реалност во Македонија

- Advertisement -

Price Hero е новата апликација на Македонски Телеком која преку виртуелни и интерактивни информации ќе им помага на корисниците да го изберат својот нов смартфон и најдобрата понуда за него. Апликацијата работи со помош на проширена реалност (Augmented Reality) преку камерата на уредот и ќе ги замени сувопарните ценовни информации со живи слики и персонализирани предлози за претплата. Исто така, со оваа апликација ќе ги добиете сите информации без да чекате ред за да разговарате со вработените.

Како функционира Price Hero?

- Advertisement -

По инсталација на апликацијата достапна за  Android и iOS, потребно е да се најавите со вашиот Телеком профил, или како гостин. Препорачливо е да се најавите преку вашиот профил за да добиете персонализирани предлози. По најавата, апликацијата ја стартува камерата и сè што треба да направите е да ја насочите кон QR кодот изложен до секој уред во Телеком продавниците.

Со Price Hero веднаш ќе добиете информации за: најдобрата понуда на претплата, технички спецификации, цена на уредот, цена на рата и преглед на слични уреди достапни во Македонски Телеком, за да бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор. Со апликацијата ќе можете и да го видите телефонот во сите достапни бои.

- Advertisement -

Price Hero за Android

Price Hero за iOS

Сподели!
- Advertisement -