Tip of the Week – (Не)Продуктивност

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Што претставува продуктивност на работа / вработен?

Во суштина, тоа е многу едноставна формула: вредност (пари, производи, услуги итн.) што ја креира секој вработен, во однос на работен час. Но, иако ова звучи едноставно, мерење или изразување на продуктивноста на вработените во една компанија, е многу сериозна и комплексна работа и бара многу анализа, разбирање на бизнисот, влијанијата на надворешни и внатрешни фактори, вработените, менаџментот итн. Ова, секако, многу подобро го знаат луѓето што работат „човечки ресурси” и затоа тие можат да ни дадат подлабински осврт на тоа, како овие прашања се решаваат системски.

- Advertisement -

Затоа, јас во овој неделен совет, повеќе ќе ги анализирам негативните факторите што влијаат на намалување на продуктивноста кај вработените (на индивидуално ниво) и евентуално како може да се влијае на нив.

Некои од најважните негативни фактори кои влијаат на намалување на продуктивноста, и што може да направите околу тоа:

- Advertisement -

· Атмосфера на работа: секако, еден од најважните аспекти на задоволство кај вработените е кога станува збор за поголема или помала мотивација/продуктивност на работа. Ако атмосферата е лоша, тогаш и вашето вложување и продуктивност ќе се намали.
o Секако дека надворешните фактори влијаат на нашата работа. Но, потрудете се да си најдете сами мотивација и стимулација во тоа што го работите и како тоа најдобро да го сработите и како да дадете најдобри резултати. Најмногу поради вас и вашата надоградба. Ако ситуацијата е неподнослива, размислете и за менување на средината.

· Его: високото Его се одразува на повеќе аспекти на намалување на продуктивноста. Непочитување на претпоставен, давање премногу значење на себеси, барање потврда и признание од надредениот, неисполнување на дадените обврски (или на начин како што вие мислите, а не како што ви е кажано) итн.
o Сфатете дека вие сте дел од системот и дека секој од вас допринесува (повеќе или помалку) за развој на големата цел/визија. Без оглед на вашиот (поголем) учинок во однос на другите, на крајот вие добивате (во бонус, признание, знаење, искуство, контакти итн.).

- Advertisement -

· Мала ангажираност: ова најмногу е поврзано со слаба мотивација за извршување на работите. Клучен фактор може да биде менаџерот, надредениот, колегите, атмосферата, платата итн.
o И овде, како што е погоре кажано, кој и да е факторот вие не треба да ја барате мотивацијата од надвор. Побарајте си што е ваше и што заслужувате, но немојте поради тоа што не сте добиле „браво” од менаџерот, да се демотивирате и помалку да се ангажирате. На крај, пак ќе кажам, сето тоа го правите за вас и за ваш напредок и развој.

· „Одложено задоволство”: генерално, овој концепт се поврзува со мотивација во пари. „Ако менаџерот не ми даде зголемување, нема да го дадам најдоброто од себе”. И поради тоа, опаѓа продуктивноста.
o Барајте си ги парите, но не дозволувајте тие да ви бидат пречка во понатамошниот ваш професионален раст. Од друга страна, правилото е обратно „дајте го најдоброто од вас, а потоа со право ќе може да си го побарате тоа што ви следи.

· Расеаност: дефокусираност, незаинтересираност, недисциплина, муабетчија итн.
o Прво мора да сфатите од каде потекнува таа расеаност. Дали е поради вашиот генерален карактер или нешто ви се случува во тој период или, пак, нешто друго. Во секој случај, ако сакате подобри резултати, мора да работите на вашиот фокус и јакнење на дисциплината.

· Дефанзивност (негирање): на некој начин е поврзано со егото. Не се сложувате со предлозите, ги бојкотирате, гледате само негативно на проектите итн., и затоа не ги завршувате со полна сила.
o Ако знаете подобро, предложете го тоа на тимот (и борете се со аргументи). А, доколку веќе сте се договориле да ја завршите некоја работа, не бидете „негативецот” и дадете го најдоброто од себе да се заврши работата како што треба (од ваша страна).

· Слаб активен слушател: може да влијае на продуктивноста од аспект на лошо пренесена или слушната информација, задача, активност. Тоа ќе ве чини неколку пати да ги коригирате работите.
o Активно слушање значи: (1) слушам за да разберам, (2) процесирам / тоа што сум го слушнал, (3) давам “feedback” / во вид на прашање, констатација, сигнал со тело, парафразирање итн., сè со цел да се разбере задачата подобро.

Со успех во промените,

Петар Лазаров,
член на тимот

Сподели!
- Advertisement -