ВИДЕО: Куче-робот на аеродром во Италија влечело патнички авион тежок три тони

- Advertisement -

Силата на кучето-робот HyQReal минатата недела била тестирана на италијанскиот аеродром во Џенова. Кучето-робот успеало да го влече патничкиот авион Piaggio P180 Avanti тежок три тони на растојание од 33 метри.

HyQReal е релативно голем робот, особено во споредба со роботот SpotMini, кој минатиот месец на тестирање успеа да влече огромен камион. HyQReal е долг три метри и висок само 90 см, а тежи 130 кг.

- Advertisement -

„Кучето-робот со влечењето на авионот ни покажа колку е моќно, ни ја покажа неговата автономија и оптимизираниот дизајн“ изјави Клаудио Семини, лидер на проектот во лабораторијата на Италијанскиот институт за технологија.

„Сакавме да постигнеме нешто што никогаш претходно не било направено и минатата недела успеавме во тоа“ изјавија од Институтот.

Сподели!
- Advertisement -