Илјадници лица ја поддржуваат јапонската кампања против носењето високи потпетици

- Advertisement -

Околу 19.000 луѓе ја потпишаа петицијата со која се бара Јапонија да стави крај на кодексот на облекување кој бара од жените да носат високи потпетици на работното место.

Петицијата ја започна Јуми Ишикава, која вели дека и е наложено да носи високи потпетици иако работи во сала за погреби. Нејзините твитови за ова прашање станаа вирални, и имаат повеќе од 30.000 споделувања.

- Advertisement -

Кампањата во Јапонија се води под хаштагот #KuToo, кој си игра со јапонските зборови за чевли “kutsu” и болка “kutsuu”, а исто така алудира и на движењето #MeToo, јавуваат јапонските медиуми.

Луѓето кои ја водат кампањата укажуваат дека носењето високи потпетици се смета за задолжително кога се пријавувате за работа.

- Advertisement -

Г-ѓа Ишикава, која е актерка, вели: „Се надевам дека оваа кампања ќе ги смени општествените норми, така што нема да се смета за лош манир кога жените носат рамни чевли исто како мажите.“ Таа додава и дека се запознала со официјални преттавници кои „сочуствувале“ со жените.

Кампањата во јапонија не е прва од овој вид, кога се работи за промена на кодекс на работна облека за жените.

- Advertisement -

Никола Торп започна петиција со која се бара промена на кодексот на облекување на Велика Британија, откако била замолена да носи високи потпетици во финансиската компанија PwC, јавува ББЦ. Таа била ангажирана како привремен член на персоналот и одби да се придржува кон кодот на облекување. По медиумските реакции, аутсорсинг фирмата Портико објави дека жените може да “носат обични рамни чевли”.

Во 2017 година, канадска провинција го укина кодексот на облекување кој бара од вработените жени да носат високи потпетици. Владата на Британска Колумбија истакна дека носењето високи потпетици носи ризик од физичка повреда при лизгање или паѓање, како и можно оштетување на нозете, нозете и грбот.

(RadioMOF)

Сподели!
- Advertisement -