По прв пат во историјата повеќе користиме мобилни телефони отколку што гледаме телевизија

- Advertisement -

Благодарение на конектираните мобилни уреди на кои секогаш се ни е на дофат на рака, начинот на кој консумираме различни содржини радикално се промени, но голем број луѓе, особено постарите генерации низ годините најмногу време поминувале пред телевизор. Сепак, доминацијата на телефоните и на таблетите придонесе денес според резултатите од последните истражувања спроведени во САД, луѓето повеќе време поминуваат со телефонот во рака отколку што гледаат телевизија.

Минатата година Американците просечно дневно гледале телевизија 3 часа и 44 минути, додека на мобилни уреди поминувале по 3 часа и 35 минути. Во 2019 година телевизијата и мобилните уреди ќе си ги заменат позициите. Така, истражувањето кое го објавија на страницата eMarketer покажа дека просечната возрасна личност во САД во текот на оваа година дневно поминува уште повеќе време пред мобилен уред – 3 часа и 43 минути, додека помалку време поминува пред телевизор – 3 часа и 35 минути.

- Advertisement -

Таквата промена не е неочекувана затоа што Американците уште во 2014 година дневно поминувале два часа повеќе гледајќи телевизија во однос на мобилните уреди. Сепак, од eMarketer предвидуваат дека со тек на време корисниците ќе поминуваат се повеќе време со мобилните уреди и луѓето ќе станат се позагрижени за времето кое го поминуваат со своите телефони, па ќе почна да се самоконтролираат. Во тоа ќе им помогнат најновите опции кои ги нудат последните верзии на оперативни системи на Apple и Google, кои ги предупредуваат ако премногу време трошат на телефон или на таблет.

Што се однесува на начинот на користење на мобилните уреди, најмногу време ќе се поминува на апликации во однос на интернет пребарувачите, при што најпопуларни ќе бидат аудио апликациите преку кои се слуша музика, подкасти итн., како и апликациите како Facebook, Snapchat, Instagram итн.

Сподели!
- Advertisement -