Еколошкото друштво „Eco Action“ од Тетово во рамки на кампањата за собирање електричен и електронски отпад додели 10 велосипеди со приколки за луѓе кои ќе ги собираат апаратите кои не се во функција од домовите на тетовци.
Граѓаните ќе може да се јават на посебна еко-линија по што собирачите ќе дојдат во нивните домови да го соберат електричниот и електронски отпад.
Целта е да се ослободат жителите од отпадот што не им работи.
Собраниот електро отпад првично ќе се складира во места на ЈКП Тетово по што ќе се предава на партнерот Друштво за управување со електро отпад „Нула Отпад“ од Скопје за да се носи на рециклирање.
Граѓаните може да се јават на еколинијата 070-661-300, а собирачи ќе го подигнат отпадот најдоцна 24 часа по повикот.
(RadioMOF)