Huka Pendel е електричен скутер кој е уникатно, еколошко решение за мобилност на инвалидските колички кои вообичаено се ограничени за пократки растојанија. Овој скутер им овозможува независност на луѓето кои постојано се во количка. Направен е од висококвалитетни и издржливи материјали, многу е прилагодлив и може да ги собере речиси сите видови инвалидски колички. Возачите моѓат самите да влезат со количката во скутерот и да излезат од него, па така се елиминира потребата за некој да им помага.
Скутерот Huka Pendel има и пријатен и модерен дизајн, а се движи на три тркала. Може да достигне максимална брзина од 25 км/ч, а максимално може да помине 60 км со едно полнење, па луѓето можат да го користат лесно и безбедно за секоја дестинација. Производителот нуди и тест возење доколку сакате да се уверите во квалитетот, а можете и самите да го дизајнирате сопствемиот скутер. Едноставно испратете ги своите желби и производителот со задоволство ќе ви ги исполни.
Pendel моментално се продава по цена од 14.500 долари.
Unique scooter for wheelchair users
Electric scooter enables you to travel independently with your wheelchair.More info: http://bit.ly/2KWwhqI
Posted by Startup Selfie on Петок, 14 јуни 2019