Во Индија е толку жешко што илјадници луѓе ги напуштаат своите домови и одат во потрага по вода затоа што рекордната суша ги исуши селските бунари.
Во Њу Делхи се забележани највисоките температури во месец јуни досега – дури 48 степени Целзиусови, додека во Раџахастан температурите овој месец се искачиле дури над 50 степени Целзиусови, па привремено овој град беше едно од најтоплите места во светот и луѓето беа принудени да ги напуштат домовите.
Сушата ги уништува посевите како што се пченката, лимоните и кикиритките, кои се сушат по нивите, додека добитокот умира од глад и од жед.
Монсунските дождови ќе стават крај на сушата, но годинава тие доцнат затоа што климатските промени го менуваат редоследот на временските појави и зачестуваат и стануваат се пострашни екстремните временски појави. Токму затоа последните четири години се најтопли во историјата на човештвото на глобално ниво.