Отворена мобилна лабораторија за испитување на нафтените деривати

- Advertisement -

Мобилна лабораторија, опремена според највисоки стандарди со софистицирани инструменти што ќе мерат девет карактеристики на нафтени горива и ќе овозможи на лице место да се провери квалитетот на горивата и дали се тие согласно пропишаните стандарди беше промовирана во Скопје. Со работата на мобилната лабораторија ќе менаџира Бирото за метрологија. Државниот пазарен инспекторат.

Ова е дополнителна мерка на дополнителна грижа за квалитетот на горивата и за квалитетот на услугите кон граѓаните.

- Advertisement -

оваа мобилна лабораторија има клучна улога во процесот на усвојување и хармонизација на националното техничко законодавство со она на ЕУ. Додаде дека со јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија се обезбедува повисок квалитет на услугите кон бизнис заедницата, потрошувачите и граѓаните.

За квалитетот на нафтените горива во земјава се грижат акредитирани лаборатории за нафтени деривати. Овие лаборатории ги имаат усвоено најновите европски стандарди за квалитет на горивата и сите согласно законската регулатива мора да ги задоволуваат тие квалитети, а за резултатите кои произлегуваат од овие лаборатории не треба да има никаков сомнеж, беше потенцирано на настанот на кој присуствуваше највисокиот државен врв.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -