Јапонци направија робот кој ќе го чисти плевелот од оризовите полиња

- Advertisement -

Во североисточниот дел од Јапонија инженерот Тецума Накамура кој работи за јапонскиот производител на автомобили Nissan направи прототип на робот кој ќе може да им помогне на јапонските земјоделци да ги исчистат полињата со ориз од плевел.

Со векови земјоделците во Азија ги користеле патките како природна алтернатива за пестицидите. Додека патките во поплавените полиња со ориз го растргнуваат плевелот и ги јадат инсектите, нивниот измет делува дури и како дополнително ѓубриво за оризот.

- Advertisement -

Сега наместо тоа ќе може да се користи робот кој со своите 1,5 килограми и ширина од 60 см ќе биде доволно тежок да се движи и доволно мал за да не ги оштети посевите. Иако засега е само проект без планови за комерцијализација, сепак станува збор за фасцинантна употреба на технологијата.

Дијзанот на роботот е инспириран токму од патките, кои се покажаа доста ефикасни за справување со плевелот. Две ротирачки гумени четки на долната страна на роботот се имитација на стапалата на патките со помош на кои при движењето се оксидира водата и се спречува вкоренувањето на плевелот.

- Advertisement -

Роботот е целосно опремен со  GPS за да се движи самостојно низ полињата и има WiFi конекција. Работи на соларна енергија за да има минимално влијание врз животната средина. connection. It works on- solar power to minimize its environmental impact.

Накамура го направил роботот за да му помогне на некој свој пријател. Моментално се тестира во префектурата Јамагата во североисточна Јапонија.

Сподели!
- Advertisement -