Исцрпени финансиите на Град Скопје за субвенции на електрични тротинети

- Advertisement -

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електротротинети, поточно дека денеска заклучно со 12 часот се пристигнати речиси 200 барања.

„Со ова условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барањата на граѓаните за субвенции за електротротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат“, се наведува во соопштението.

Со јавниот повик за субвенции за купување електрични тротинети скопјани имаа можност да набават електротротинети, кои Градот ги субвенционира во висина од 30 отсто од нивната вредност, но не повеќе од 7.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.
Сподели!
- Advertisement -