Иако луѓето коу се грижат за животната средина ја рециклираат хартијата која ја користат, самиот процес на рециклирање не е целосно еколошки и притоа се троши голема количина енергија и вклучува употреба на токсични хемикалии. Сега научници развија нов метод за отстранување на печатенито текст од хартија за да може да се реупотреби.
Веќе има системи кои користат ласери за да го отстранат тонерот од стандардната хартија, но за жал, тие ласери ги оштетуваат слоевите полимер на поскапата, мазна хартија која се користи за рекламирање, за пакување итн. Како резултат на тоа таа хартија не може да се реупотреби.
Научници од Универзитетот Рутгерс и Државниот универзитет во Орегон ласерите ги заменија со малба со ксенон. Таа ламба се постравува на растојание од околу 4 см над хартијата испечатена со црн тонер и емитува блесоци од светлина со широк спектар наречена Intense Pulsed Light (IPL). Тоа ја ослабува врската меѓу тонерот и хартијата без да влијае на полимерниот слој. Потоа ја бришете хартијата со етанол и излегува целиот тонер, а белиот лист мазна хартија повторно може да се користи.
Процесот се уште не го отстранува целосно тонерот со црвена, сина или зелена боја затоа што тие не ја апсорбираат светлината IPL како црната боја. Сепак, може целосно да се отстранат ако се испечатени врз црн тонер. Научниците се надеваат дека ако продолжат да ја развиваат, оваа технологија во иднина ќе може да се користи во домовите и во канцелариите за да се спречи фрлањето хартија.