Овој електричен автомобил се полни самиот себеси со соларна енергија

- Advertisement -

Ова е Lightyear One, електричен автомобил кој самиот себеси се полни со соларна енергија. Има максимален досег од 724 км, што е за 129 км повеќе отколку што е досегот на Tesla Model S.

Lightyear One беше претставен на 25 јуни. Покривот и хаубата на автомобилот се направени од 5 квадратни метри интегрирани соларни ќелии, заштитени со слој безбедносно стакло.

- Advertisement -

Благодарение на технологија за брзо полнење за само еден час може да се наполни со доволно енергија за да помине 563 км, а на обичен штекер од 230 волти преку ноќ може да се наполни со енергија за да помине 350 км.

Соларните панели се полнат со брзина од 11 км/ч. Lightyear прима преднарачки за моделот со 5 седишта по цена од 135.000 долари, а доставата се очекува да почне во 2021 година. Се очекува малопродажната цена на автомобилот да се движи околу 170.000 долари.

- Advertisement -

Electric car that charges itself with sunlight

This electric car covered with solar panels has the longest range ever.

Posted by Startup Selfie on Петок, 28 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -