Најпознатата болест на денешницата, стресoт се смета за најголемиот човеков непријател во 21 век. Неодамна објавеното истражување, кое го спроведе британското Здружение за управување со стрес, покажа дека жените се поосетливи на стресот од мажите, но ја покажаа и најкритичната возраст.
Резултатите покажуваат дека луѓето се најизложени на стрес во периодот од полнолетството до 33-тата година. После 33-тата година нивото на стрес, според истражувањето, се намалува. Се смета дека стресот е состојба во која се наоѓа човекот кога смета дека неговите очекувања од животот се над можностите кои ги има на располагање.
Тежнеењето кон совршенство, љубов и убавина наместо да инспирира, постепено се претвора во негативна перцепција за себеси и за околината. Рамнотежата се нарушува и често има за последица бројни здравствени проблеми од физиолошка и психолошка природа. Според Американскиот институт за стрес, до 90% од сите проблеми со здравјето се поврзани со стресот.