Високите температури и силното летно сонце не создаваат проблеми само за животните и за луѓето, туку се штетни и за нашите омилени електронски уреди. Користењето лаптопи и паметни телефони на директна сончева светлина или оставањето на телефоните во вжештените автомобили не само што претставува опасност од пожар и експлозија на батериите, туку влијае и на нивниот животен век.
Ако немате телефон кој е превиден да се користи и во екстремниуслови како пустините или Северниот пол, мора во текот на најтоплите месеци да внимавате на тоа како и каде ги користите своите уреди. Најнапред, не смеете да ги оставате на директно сонце. Тоа значи дека не смеете да ги чувате во автомобил, покрај прозорец во канцеларија или да ги држите во рака додека се движите по сонцето.
ако паметните телефони се предолго изложени на директна сончева светлина, може на екранот да се појави порака за прегревање, а во некои случаи може и да се изгаснат за самите да се спасат од топлината. Иако нашите модерни телефони се издржчиви и предвидени да издржат интензивна работа и загревање, подоглата изложеност на многу високи температури може да доведе до трајно оштетување на батеријата или на самиот уред.
iPhone на Apple, на пример, се предвидени за работа до 35 степени Целзиусови. Се над тоа може да го уништи уредот. И најголем дел од телефоните со Android фунцкионираат на температура од 0 до 35 степени Целзиусови. Се над или под таа граница може да влијае на перформансите, на издржливоста на батеријата и на општото функционирање на уредот.
Првиот знак дека уредот се прегрева е кога станува потопол. Ако се наоѓате на директно сонце, можеби екранот нема да работи. Во такви случаи, системот самиот ќе стартува ладење со гаснење на помалку важните, а системски захтевни опции. Така, ќе се намали светлината на екранот, ќе се изгаси GPS и Wi-Fi, нема да функционира светилката, ќе се забават или ќе се блокираат графички захтевните апликации како мобилните игри или апликациите за гледање филмови.
Како да го изладите прегреаниот уред? Наједноставниот начин е да го изгасите на некое време. Целосно гаснење на телефонот ќе му даде шанса да се врати на нормалната работна температура. Но, што ако гаснењето не доаѓа предвид? Тогаш обидете се да ги исклучите назахтевните апликации и да ги оставите само тие кои најмногу ви требаат. Изгаснете го екранот на неколку минути, а можете и да го исклучите Wi-Fi сигналот за да му ја олесните работата.
Тргнете го уредот од директно сонце за да не се загрева дополнително и не го чувајте во рака. И вашето тело произведува топлина која се пренесува на телефонот и му го отежнува ладењето. На крај, најбитното предупредување. Кога телефонот е жежок, дури и ако не зигнализира дека е време за ладење, не го приклучувајте на полнач и не го ставајте на безжично полнење. Паметните телефони, односно нивните батерии се загреваат и кога се полнат, а ако телефонот е веќе загреан, тоа може да доведе до прегревање.
Никако не го ставајте телефонот во фрижидер или под клима. Наглата промена на температурата може да доведе до кондензација во внатрешноста на уредот, особено кај тие што имаат водено ладење и да предизвика краток спој. Ако уште не сте сигурни дали на вашиот телефон му е премногу топло, послужете се со едноставен трик. Ако вам ви е многу топло, сигурно и нему му е.