„Прилепска пиварница“ го промовираше најновото македонско пиво на пазарот – Zlaten Dab Classic, уникатно македонско пиво со 100 проценти јачменов слад.
Лансирањето на новото пиво се поклопува со прославувањето на 95-годишниот јубилеј на „Прилепска пиварница“, а доаѓа како изненадување за вистинските љубители на премиум пиво.
Квалитетот и традицијата на производство на премиум пиво „Прилепска пиварница“ ја продолжува со овој новитет на пазарот на пива, уште еднаш потврдувајќи дека посветено работи на развојот на своето портфолио со нови производи, со цел да ги задоволи потребите и барањата на своите бројни консументи. Произведен според најсовремена технологија, Zlaten Dab Classic е пиво со умерена горкост и силен автентичен вкус.
Почнувајќи од денеска, Zlaten Dab Classic е достапен во сите поголеми маркети и угостителски објекти ширум земјата.