Нов пристап во туризмот преку развој на алтернативни туристички атракции

- Advertisement -

На обуките за јакнење на вештините за комуникација, промоција и продажба и лидерство и градење локални брендови во нудењето туристички услуги, а спроведени од страна на Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ учествуваа 135 од 83 чинители (претставници на хотели, ресторани, туристички агенции, граѓански организации). Беа организирани и работилници за мапирање на алтернативни туристички атракции, со обука од страна на предавачите од Американ Колеџ – Скопје.

„Finance Think“ и Универзитетот Американ Колеџ – Скопје го спроведуваат потпроектот  „Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив економски развој – нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции“ во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност  – ПЛРК. Проектот придонесува за зголемување на конкурентноста преку јакнење на капацитетите на вклучените чинители во сектор туризам и создава нови можности за економски развој и за развој и промоција на алтернативни тури.

- Advertisement -

Алтернативните туристички атракции кријат огромен потенцијал

- Advertisement -

На обуките за јакнење на вештините за комуникација, промоција и продажба и лидерство и градење локални брендови во нудењето туристички услуги учествуваа 135 лица од 83 чинители (претставници на хотели, ресторани, туристички агенции, граѓански организации). Според самоевалуацијата, пред и после обуката, учесниците во просек ги зголемија вештините за комуникација 1,3 нивоа на скала од 1 до 5, за 1,4 нивоа вештините за продажба и промоција и за 1,2 нивоа вештините за лидерство и градење локални брендови.
Деветдневни обуки се реализираа во периодот од 20.06.2019 до 04.07.2019, во Скопје, под водство на предавачи од Американ Колеџ. „Алтернативните туристички атракции кријат огромен потенцијал за економски раст на малите места. За таа цел, беа идентификувани над 30 атракции, во пет дестинации од Проектот, од кои 12 највисоко рангирани (вклучувајќи авантуристички активности, промоција на традиција, култура и на религија) продолжуваат во фаза на пилотирање и целосен развој.“, објаснуваат од ПЛРК.
Петдневните работилници за мапирање на атракциите беа реализирани во период од 17 до 21 јуни, во Скопје, под водство на „Finance Think“.

- Advertisement -

Пет пилот планинарски тури

Во рамките на овој потпроект се подготвуваат и пет пилот планинарски тури во 5 дестинации. Првата пилот тура беше одржана на 14.7.2019г. и почна од с. Нежилово и по шумски пат до водопадот на р. Бабуна.

Другите 4 тури се предвидени да бидат реализирани во наредниот период. Една од нив е Мариово – битолско Мариово, невообичаена и атрактивна тура, која ги вклучува посетите на Рапешки мост, с. Зовиќ и мостот, местата Старавина и Градешница. Втората тура започнува и завршува од с. Белчишко Блато, а поминува низ с. Велмеј и Лешани во општина Дебарца. Третата тура вклучува посета на местата Вевчани, Горна Белица и Вевчанска локва. Четвртата тура вклучува три дебарски тури: Лазарополе, Галичник. Јанче, Тресонче, Гари, водопадот Дуф“, објаснува корисникот на под-грантот „Finance Think“.

„Проектот за локален и регионален развој на туризмот, што се спроведува со заедничка заложба на Владата, на Европската Унија и на Светска Банка е надополнување на досегашните политики, програми и мерки за развојот на туризмот на коишто во изминатиот период работеше Владата преку своите институции и тела. Можам да кажам дека Проектот ја претставува нишката која недостигаше за да се заокружи целокупната поддршка за развој на туризмот.“, вели Антонија Шишак, директор на ПЛРК.

Сподели!
- Advertisement -