- Advertisement -
По 3000 евра субвенција ќе биде доделена на заинтересираните граѓани кои би купиле ново или старо возило кое ги исполнува еколошките стандард
Во своето интервју дадено за Алсат-М, министерот за економија Крешник Бектеши ги дообјасни намерите на владата за воведување субвенции за купување на нови возила ако старото се однес на отпад.
Тој конкретно изјави дека субвенциите во висина од 20-30% од вредноста на новонабавеното возило ќе важат како за сосема нови, така и за половни, веќе користени возила увезени од странство кои ги исполнуваат Еуро 5 или 6 стандардите за издувни гасови, со тоа што нивната вредност не треба да биде поголема од 10 до 12 илјади евра. Притоа наведе дека старото возило што ќе се расходува треба да биде со Еуро 2 или 3 стандарди, но без да прецизира дали секој граѓанин, без разлика на приходите што ги има, ќе може да добие субвенции. Електричните и хибридните возила не ги спомена, но доколку и тие се вклопат во овие критериуми тогаш и за нив ќе се добијат субвенции.
Според мерката граѓаните кои би го оставиле старото возило и би го исклучиле од употреба, би добиле субвенција од 3000 евра за набавка на ново или возило на старо кое ги исполнува еколошките стандарди.
Ваквата мерка е поздравена од граѓаните, кои ќе можат да го обноват возниот парк, а со ова би помогнале и во заштита на екологијата.
Во изјава за Алсат телевизија, министерот за економија Бектеши рече дека сите кои што имаат возила ЕУРО 2 и 3, ќе ја имаат шансата да се откажат од тие возила и да си купат нови или возила на старо со ЕУРО 5 стандард, а за тоа ќе добијат финансиска поддршка од државата.
- Advertisement -
Мерката треба да придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух и да ја зголеми побарувачката на нови, наместо стари и користени возила.
- Advertisement -