4 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Aтомик вотката од Чернобил економски ќе го спасува озрачениот регион

Kabtel desktop

Производителот верува  дека продажбата на Атомик вотка ќе помогне во опоравување на заедницата во настраданиот украински регион

Професорот Џим Смит од Универзитетот во Портсмаут направи вотка со користење на житарки и вода од напуштени подрачја околу Чернобил за која тврди дека е потполно безбедна и безопасна за пиење, барем што се однесува до радијацијата.

Професорот вели дека во близина на Чернобил има неозрачени подрачја на кои може да се садат житарки за потребите на индустријата на алкохолни пијалоци, како и неозрачена вода од подземните резервоари кои се оддалечени 10 километри од нуклеарката која во 1986 година предизвика голема катастрофа, смрт на голем број луѓе и егзодус на 300.000 жители на тој регион во тогашниот Советски сојуз, денешна Украина.

Иако засега е произведено само едно шише вотка за кое професорот тврди дека е најважното шише вотка на светот, неговата идеја е да основа непрофитна компанија под името Chernobyl Spirit Company, која ќе ја продава Атомик вотката ширум светот, а 75% од приходот од продажба ќе оди за потребите на настраданите во регионот.

Во процесот на дестилација на вотката, научниците во житарките од Чернобил откриле дека нивото на Стронциј-90 е малку над пропишаниот лимит во Украина, но со оглед на тоа дека дестилацијата ги намалува сите нечистотии. Единствената радиокативност која ја откриле по целиот процес на добивање на пијалокот е во форма на природен јаглен-14 и тоа во количини кои може да се најдат во францускиот коњак и домашната лозова ракија.

„Сакаме да направиме здрав производ со висока вредност за да го помогнеме економскиот развој надвор од зоната која се уште е премногу опасна за живеење“, изјави професор Смит.

Овие иницијативи се поддржани од украинската државна агенција која управува со чернобилската зона која се надева дека Атомик вотката ќе постигне голем успех и ќе стане бренд кој ќе помогне во поврат на животот во подрачјето во кое нема опасност од зрачење.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •