Со помош на овие чизми ќе можете да трчате брзо како автомобил. Чизмите се викаат Bionic Boot X17, а се дело на иноваторот и инженер Кеахи Сејмур. Тие функционираат така што во себе содржат пружина која ја складира енергијата од трчањето, која потоа се користи за тој што ги носи да го придвижуваат напред со секое згазнување на чизмите.
Овие бионички чизми можат да достигнат брзина од максимум 40 км/ч. Сејмур ја добил инспирацијата за чизмите откако гледал некоја телевизиска програма за кенгури и ноеви. Тој го искористил принципот на кој кенгурите можат да се движат и да скокаат толку брзо, како и способноста на ноевите да складираат енергија во нивната Ахилова пета и тоа го искористил кај чизмите.
Овие егзоскелетон чизми се прицврстуваат на ногата и ги зголемуваат атлетските способности на корисникот на олимписко ниво. Што се однесува на цената на чизмите, се очекува таа да се движи отприлика колку цената на еден поквалитетен велосипед за планинско возење бидејчи се направени од посебен алуминиум од кој се прават авионите, титаниум и карбонски влакна.
These boots will help you run as fast as a car
These exoskeleton boots were modeled after kangaroos 🏃♂️🏃♀️
Posted by In The Know Gadgets on Недела, 04 август 2019