Во јули се стопиле 197 милијарди тони мраз од Гренланд

- Advertisement -

Минатиот месец се случи второто најголемо топење на ледената покривка на Земјата во историјата. Во текот на јули се истопиле 197 милијарди тони од мразот на Гренланд и со тоа нивото на морињата и океаните се покачи за половина милиметар. Само на 15 август се истопиле 11 милијарди тони мраз. 

Иако не е невообичаено мразот на Гренланд да се топи во текот на летото, вообичаено топењето почнува на крајот на мај, а годинава почна неколку недели порано. Метеоролозите велат дека јули беше најтоплиот месец досега во историјата на човештвото. Глобалните температури во јули годинава биле повисоки од температурите во јули 2016 година, кои досега се сметаа за рекордни. 

- Advertisement -

Според научниците, стопениот мраз на Гренланд може да наполни 80 милиони олимписки базени. Годишниот просек на стопен мраз овој период од годината е околу 60-70 милијарди тони. Тоа значи дека годинава се стопила трипати поголема количина од вообичаено. Сезоната на топење на мразот на Гренланд трае до крајот на август, па можеме да очекуваме уште топење, но веројатно не толку драстично како минатиот месец.

 

Сподели!
- Advertisement -