Викенд Медиа Фестивал: Како да го задржите најдоброто, кога сите сакаат да заминат?

- Advertisement -

Медиумите секојдневно известуваат за “црните“ години во кои огромен број на луѓе си заминуваат од Хрватска во потрага по подобра работа. Најголем дел од нив заминуваат во Германија, а неодамна е објавено дека за само две години таму се преселиле повеќе од 110 илјади луѓе. Според овој податок, Хрватска сега се наоѓа на петто место според број на иселеници во Германија. Покрај емиграцијата, работодавачите во Хрватска се соочуваат со низа предизвици – од растечки проблеми со сезонското вработување, неконкурентните услови во кои работат споредено со соседните земји кон кои работниците мигрираат сè до високото даночно оптоварување на платите, како и многу други.

- Advertisement -

Тема на една од панел – дискусиите на Викенд Медиа Фестивал ќе биде како, при такви услови и постоење на медиумска хистерија настаната од проблемите со работната сила, да се задржат најдобрите во компанијата и да се привлечат нови таленти. На оваа панел – дискусија ќе присуствуваат членови на Управните Одбори како и Директори на Секторите за човечки ресурси на најуспешните компании во Хрватска.

Сакаме да ги презентираме работните практиките од кои сите можеме нешто да научиме. Знаеме дека ситуацијата во која се наоѓаме е голем предизвик, но имаме и одлични примери за кои сакаме да одвоиме простор и да ги споделиме. На дискусијата ќе бидат презентирани добри примери како да се направи работна атмосфера во која најдобрите ќе сакаат да останат и да се развиваат. Ќе дискутираме и колку е важна улогата и соработката со Секторот за човечки ресурси и стручните лица во областа на Односите со јавноста, дали знаеме да правиме добри кампањи за “employer branding“ или сѐ тоа дури сега го учиме“- најави Директорот на програмата на Викенд Медиа Фестивал, Никола Врдољак.

- Advertisement -

Во Ровињ ќе биде презентирано и првото големо истражување на Агенцијата “404“ заедно со Агенцијата “Хендал“ за тоа колку се успешни хрватските компании во делот на управување со кадрите. Ќе дознаеме дали се зголемува значењето на одделот за Човечки Ресурси во компаниите, дали имаат позиција во Управниот Одбор или и понатаму остануваат само “кадровска служба“. Колку компаниите во Хрватска се бават со “employer branding“, дали соработуваат со ПР и маркетинг службите за да ги направат тие кампањи поатрактивни? Истражувањето ќе покаже и во која состојба е интерната комуникација во компаниите, колку се важни материјалните права на вработените, како да се привлечат најдобрите таленти и кои се разликите меѓу вработените од различни генерации.

Најголемиот регионален фестивал на комуникации, покрај интересните предавања и провокативни и конструктивни расправи за трендовите во медиумската индустрија, е познат како место за најдобра забава. Овогодинешниот, дванаесетти Викенд Медиа Фестивал кој се одржува од 19. до 22. септември во Ровињ има одлична музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката стана уметност и средство за отпор.

- Advertisement -

Покрај ова, сите маркетери, своите изработени проекти може да ги пријават на осмиот по ред “BalCannes“, а најдобрите дигитални трудови ќе бидат дел од регионалните дигитални награди – SoMo Borac.

Сподели!
- Advertisement -